Атлетико Мадрид одбил страшна понуда од 150 милиони евра за Жоао Феликс

Атлетико Мадрид одбил фантастична понуда од 150 милиони евра за да го продаде португалскиот репрезентативец Жоао Феликс.

Младото 20-годишно момче од Визеу пристигна лани летото во таборот на Атлетико Мадрид за рекордни 126 милиони евра во тој преоден рок, но и во клупската историја на популарните Јорганџии.

Понудата за да го продадат Феликс по само една година престој во клубот до Атлетико пристигнала од Англија, но португалските медиуми не го именуваат клубот.

Жоао во јули лани потпиша 7-годишен договор со Атлетико, клуб што и плати на Бенфика 126 милиони евра и веднаш одреди отштетна клаузула за 20-годиниот офанзивец вредна 300 милиони евра.

Англискиот клуб нудел половина од таа сума и тоа во период непосредно пред да почне пандемијата со Ковид-19, но понудата била одбиена од челниците на Атлетико.

 

- Оглас -

Најнови вести