Дел од сопругите на играчите на рускиот фудбалски клуб Ростов, најдоа интересен начин да го „поздрават” тимот на Сочи и да му ја честитаат победата од 10-1 против Ростов за кој играа јуниори родени во 2002 и 2003 година.
Првиот тим на Ростов мораше да седи дома во карантин бидејќи има шестмина заразени со коронавирусот, а федерацијата не сакаше да го одложи мечот, па на дуелот со Сочи, на терен истрчаа неискусни момчиња кои беа декласирани. Резултатот ќе беше и уште поубедлив да не беа 15-те одбрани од кои еден фатен пенал на голманот Денис Попов.
Сопругата на голманот Сергеј Песјаков, Ксенија, објави фотографија на која таа со жената на тренерот Карпин, Дарја, и сопругите на уште двајца фудбалери, позираат со покажување на средниот прст. Песјакова објави и цинична порака.
„Сочи, Ви честитаме на победата!“.