Родриго Морено нема среќа и на втор меч по ред ВАР системот му поништи гол, а вечерва погодокот за Валенсија против Осасуна во третата минута не важи, откако судијата Хименес го поништи поради офсајд.
И повторно човекот во црно се консултираше со колегите во ВАР собата, за да донесе одлука дека погодокот не важи. Родриго ќе беше стрелец, ако неговиот соиграч Максимилијано Гомес не му пречеше на голманот на Осасуна Рубен при ударот на шпанскиот репрезентативец.
Голот што го постигна Родриго, а е поништен поради Гомес погледнете го ОВДЕ.
И на претходниот меч против Реал Мадрид, Родриго постигна погодок за водство на Валенсија, но и тој гол беше поништен, повторно со помош на модерната технологија, а повторно виновник беше Гомес, кој ја допре топката во офсајд позиција пред Родриго да ја затресе мрежата на Куртоа.
Сепак Валенсија води со 1:0 со голот на Гведеш во 12. минута.