Кога нема публика во Грција и црвениот картон може лесно да стане жолт (Фото)

Едно од најмирните дербија во Грција го одиграа вечните ривали Олимпијакос и Панатинаикос, а „црвено-белите“ со победа од 3:0 ја потврдија апсолутната доминација сезонава на патот до рекордната 45 титула.

Големото дерби на вечните ривали од Атина го решија Хилјерме со погодок во петтата минута, Јусеф Ел Араби со гол во 21. минута и Кафу со прецизен удар во 91. минута.

Се играше без присуство на публика поради пандемијата со Коронавирус, па дербито беше мирно, иако имаше интересни моменти. Еден од нив се случи во 33. минута кога судијата Сидоропулос го исклучи левиот бек на Панатинаикос Хаџитеодорис, но потоа се премисли и по консултација со ВАР системот црвениот картон го претвори во жолт.

Ситуација која беше и комична, а сигурно ќе предизвикаше многу протести и жешка атмосфера ако го имаше препознатливиот амбиент од едно од најголемите градски дербија во Грција, но и во Европа.

Олимпијакос на четири кола до крајот на плејофот веќе ја освои рекордната 45. шампионска круна, бидејќи има недостижни 19 бода предност пред ПАОК и АЕК.

- Оглас -

Најнови вести