Јувентус сака да се засили со класичен шпиц, а прва цел во летниот преоден рок е да го доведе во Торино напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименес.
Популарната Острилка игра страшно добра сезона во Премиер лигата и досега постигна 14 гола за Волците, со што го дели шестото место на листата со најдобри стрелци.
Понудата на Јувентус до Вулверхемптон е 30 милиони евра, плус на „Молињу“ да се преселат Даниеле Ругани и Федерико Бернардески.
Вулверхемптон лани летото одигра вистински потег кога го откупи договорот на Хименес од Бенфика за 37 милиони фунти, откако репрезентативецот на Мексико играше една сезона како позајмен играч за тимот од Англија.
Хименес, според челниците на Јуве, би бил идеална замена за Гонзало Игуаин, кој речиси сигурно ќе си замине од Торино ова лето.