Резултатите од тестирањето за корона-вирус на Ѓоковиќ ќе се објават утре

Резултатите од тестирањето за корона-вирус на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе бидат познати утре, најверојатно во претпладневните часови. Ѓоковиќ се тестираше во Белград, по враќањето од Задар, каде што учествуваше на„Адрија“, турнир на кој настапија Григор Димитров и Борна Чориќ, кои се позитивни на ковид-19.

Ѓоковиќ имаше блиски контакти со Бугаринот Димитров во Белград и затоа фановите се плашат за неговото здравје бидејќи реална е можноста тој да е заразен. Новак е на удар на светската јавност поради тоа што учествуваше и организираше егзибициска турнеја, и тоа со публика, за време на пандемија. Покрај тоа, изјавите на Ѓоковиќ дека не сака да прима вакцина исто така беше контроверзна и дочекана на нож од многумина.

Во изолација се испратени сите кои биле блиску до заразените во период подолг од десет минути. Тестирани беа и тренерот на Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, и тенисерите Андреј Рубљов и Александер Зверев, но сите тие се негативни.

- Оглас -

Најнови вести