Пандев не памети кога паузирал повеќе од 100 дена – Рестарт за Гоче во необичен термин

Во необичен термин од 21.45 часот вечерва Горан Пандев ќе го игра првиот меч по пауза од три и пол месеци. Капитенот на македонската репрезентација речиси и не памети кога постел без фудбал повеќе од 100 дена, а рестартот со Џенова против Парма ќе биде интересен за него.

Италијанците ретко досега играле од 21.45 часот, но ова се вонредни услови, кога сезоната мора што поскоро да се заврши, па Калчото продолжува во забрзан ритам.

Пандев веројатно ќе биде стартер против Парма. На спротивната страна ќе биде Дејан Кулушевски, уште еден одличен фудбалски производ со македонски шарм.

Двајцата не можат да играат заедно во дресот на македонската репрезентација бидејќи Кулушевски ја одбра Шведска, а и вечерва ќе бидат еден спроти друг во битката за бодови во Серија А.

Уште двајца македонски репрезентативци ќе играат денеска. Елиф Елмас со Наполи ќе ѝ гостува на Верона од 19.30 часот, за првпат како актуелен победник на Купот на Италија.

Во ист термин како и Пандев, вечерва со Удинезе сезоната ќе ја продолжи Илија Несторовски. Нашиот бомбардер ќе му гостува со својот тим на Торино во меч од 27-мото коло.

 

- Оглас -

Најнови вести