Агуеро беше на оперирација коленото кај докторот кој е Лионел Меси во медицината

Манчестер сити убедливо со 5:0 го победи Барнли, а победата скапо ги чинеше Граѓаните. Најдобриот напаѓач на Сити, Серхио Агуеро, заработи тешка повреда на коленото и мораше да биде изнесен на носилки. По лекарските прегледи беше констатирано дека Агуеро мора да оди на операција, па веднаш беше пренесен во Барселона, а денеска му беше направен оперативниот зафат.

По направената операција, Агуеро се огласи на социјалните мрежи и порача дека се чувствува добро.

„Операцијата помина добро и сега следува периодот на рехабилитација“, напиша Агуеро.

Операцијата на Агуеро ја направи докторот Рамон Кугата, кој важи за „Лионел Меси во медицината“. Засега не се знае колку ќе трае закрепнувањето, но се претпоставува дека Агуеро ќе биде во трка со времето за тоа дали Аргентинецот ќе биде подготвен за мечевите од Лигата на шампионите кои ќе се играат во август, по завршувањето на мечевите од домашното првенство. Сити треба да одигра реванш-меч од осминафиналето против Реал Мадрид. Граѓаните имаат предност од 2:1 и реваншот ќе го играат на свој терен, што значи дека се фаворити да се најдат на завршниот турнир на најдобрите осум екипи од Европа, во Лисабон.

 

- Оглас -

Најнови вести