Ливерпул води на полувреме со 2:0 против Кристал палас, а потегот на досегашниот дел од мечот го имаше десниот бек на домаќините, Александер-Арнолд Трент. Познат како добар изведувач на ударите од прекин, Арнолд ја презеде одговорноста да го изведе слободниот удар во 23-тата минута и не згреши. Од околу 24 метри, Арнолд во стилот на најдобрите изведувачи на слободни удари успеа да погоди во аголот на немоќниот голман на гостите.
Пред крајот на првиот дел, Салах го зголеми водството на 2:0, па фаворитот сега во вториот дел само рутински треба да ја заврши работата и да освои нови три бода во трката што е можно побрзо и да ја обезбеди титулата во Премиер лигата.