Серхио Рамос не требаше да игра против Мајорка откако се повреди на претходниот меч со Реал Сосиедад, но сепак настапи и постигна фантастичен гол од слободен удар.
Капитенот на кралскиот клуб стисна заби и помогна во битката што Реал ја бие со Барселона во Ла Лига и во 56-тата минута успеа дури и да погоди од слободен удар.
https://twitter.com/SportMargin/status/1275900703035273218?s=20
Во стилот на Лионел Меси, Рамос го погоди аголот на голот, а голманот на Мајорка, Реина, не ни мрдна од место.
Претходно Винисиус јуниор му донесе предност на Реал со погодок во 19-тата минута. Гостите од Мајорка протестираа сметајќи дека претходно имало прекршок, но судијата Лопес воопшто не сакаше да ја провери ситуацијата со ВАР-системот и покажа на центарот.
По победата против Мајорка, Реал остана на врвот со 68 бода, колку што има Барселона. До крајот на шпанското првенство има уште 7 кола.