Борусија Дортмунд денеска и официјално го промовираше Томас Муние за нов играч од следната сезона. Белгискиот репрезентативец во претходните четири сезони го носеше дресот на Пари Сен Жермен, со кого освои и три титули во француското првенство.
Германскиот гигант од Дортмунд точно пред три месеци најави дека е постигнат договор за трансфер на Муние, и тоа во вредност од 50 милиони евра. Милионерите се уверени дека десниот бек ќе биде вистинско засилување за нив, па дури и за време на екот на пандемијата на корона-вирусот реши да плати огромна сума за доведување на овој играч.
Пред да дојде во ПСЖ, Муние има играно пет сезони и во дресот на Бриж.
Bonjour, Thomas! 👋🇧🇪 #MEUNIER24
Alle Infos zur Verpflichtung von @ThomMills 👇
— Borussia Dortmund (@BVB) June 25, 2020