Венгер објасни што е вистината поврзана со Милан

Францускиот стратег Арсен Венгер ги демантираше најавите дека потпишал договор со Милан, но најави дека на почетокот на следната година ќе најде ангажман.

„Ме праќаат секаде низ светот, а тоа е така бидејќи немам работа. Немојте да ги слушате трачевите. Јас ќе работам од следната година, но искрено засега не знам каде. Да знаев, ќе ви кажев, но засега нема ништо“, рече Венгер, кој посебно ги објасни шпекулациите дека ќе биде тренер на Милан. „Можам да ви кажам дека пишувањата дека ќе бидам тренер на Милан се лажни. Не постои никаков договор со Милан“, објасни Венгер.

Легендарниот француски тренер цели 22 години беше на чело на Арсенал, а на крајот од минатата сезона реши да си оди од „топчиите“. Милан, ПСЖ и уште неколку клубови беа поврзувани со Венгер, но засега самиот тренер вели дека нема договор со ниту еден тим.

 

- Оглас -

Најнови вести