Шпанските новинари го уловија фудбалерот на Атлетико Мадрид, Јаник Караско, како после тренинг си заминува со своето ново спектакуларно возило. Белгиецот кој има 26 години, изненадувачки го напушти Атлетико и играше во Кина каде имаше одлични финансиски услови, изгледа јако „го натоварил магарето“ и се врати во редовите на Јорганџиите.
Караско сега вози црвено Ферари 488, кое вреди над 300.000 евра. Неговото Ферари било атракција и за клупските колеги кои истотака имаат милионски договори.