Златан Ибрахимовиќ беше среќен што после повредата им се врати на тренинзите со екипата на Милан, па искористи една фотографија на која тој е со топка, а колегите стојат во ред зад него и го гледаат, да порача дека е Бог, а останатите негови следбеници. Многумина го критикуваат Ибра за неговата самобендисаност и што самиот си се нарекува Бог.
Сепак, левиот бек Тео Ернандес, искористи една друга слика за да му „спушти“ на Швеѓанецот. На таа фотографија Тео добива воздушен дуел со високиот Швеѓанец, и преку „Твитер“, Шпанецот му порача на Златан: „Ученикот ти порачува да скокаш малку повисоко“.