Цветно-шарена шема на Кристијано (фото)

Јувентус вчера со убедливиот триумф од 4-0 против Лече избега на +7 бода во однос на второпласираниот Лацио и сигурно чекори кон нова титула во Серија А. Кристијано Роналдо учествуваше со погодок и две асистенции во победата, по што расположението е на високо ниво кај португалската мегаѕвезда.

Колку Роналдо е расположен по ефикасниот настап, покажа со објавената фотографија на „Твитер“ како позира во цветниот стил со разиграни бои.

Во следното 29-то коло, Роналдо со Јувентус гостува кај нашиот Горан Пандев и Џенова, мечот е закажан за 30 јуни во 21:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести