Чоло почна со реми, стаса до клупски рекорд со 195 победи во Атлетико

Диего Симеоне стаса до 195 и рекордна победа за тренер што го предводел Атлетико Мадрид и од вчера по триумфот против Алавес е број 1 кај „црвено-белите“ од главниот град на Шпанија.

Претходно со него по 194 успеси како кормилар на Атлетико беше и легендарниот Луис Аарагонес. Интересно е што во 2011 година кога го замени Грегори Манзано, популарниот Чоло тргна со реми во авантурата што се уште трае. Првиот меч му беше против Малага и заврши без голови.

Оттогаш без прекин е тренер на популарните Јорганџии, а од вчера и рекордер со најмногу победи во клупската историја кога се во прашање кормиларите на Атлетико.

Најголеми успеси му се двете финалиња во Лигата на шампионите, во кои Атлетико беше поразен од Реал Мадрид, а по еднаш ги освојуваше Ла Лига, Купот и Суперкупот на Шпанија. По двапати со клубот што веќе десетта година по ред го предводи од клупата му се двата трофеи во Европа Лигата и исто толку пехари во Супер купот на Европа.

- Оглас -

Најнови вести