УЕФА ќе казнува со службен пораз ако во некој тим се појави позитивен играч на коронавирус?

Челниците на УЕФА сериозно размислуваат за следната сезона да воведат правило по кое тимови ќе губат со службен резултат од 0-3, доколку во нивните редови се утврди дека има играч позитивен на коронавирус. Засега ова се неофицијални најави, но клубовите секако ќе мора многу да внимаваат пред секој меѓународен меч, без разлика дали е од Лигата на шампионите, Лига Европа, или Лигата на нации.

Ако овој потенцијален ригорозен предлог се усвои, тоа ќе биде опасност и за македонските клубови и репрезентацијата, бидејќи летово во квалификациите во европските купови ќе се игра по еден меч, па службен пораз ќе значи и елиминација, а и националниот тим не би смеел да си дозволи службен пораз во баражот за ЕП.

Засега не се знае како ќе се патува, какви епидемиолошки мерки ќе се преземат, и дали има шанса мечевите од ЛШ и ЛЕ, како и оние репрезентативните, да се играат со публика.

 

- Оглас -

Најнови вести