Последна шанса за Мајорка

Брајтон – Манчестер јунајтед (фудбал, Англија, 21.15 часот)

Незгодно гостување за Црвените ѓаволи кои ја стабилизираа формата и одамна немаат претрпено пораз (од 22 јануари). Брајтон е шест бода над зоната за испаѓање и секој освоен бод им е добредојден. Манчестер со победа би се изедначил со петтиот Вулверхемптон и ќе ја продолжи брканицата по четвртиот Челзи. Тимот од англискиот туристички центар често игра нерешено, а ги доби двата домашни мечеви против Јунајтед, но тоа беа средби во 2018 година, додека во ноември загубија на „Олд Трафорд“ со 1-3.

Предлог тип: 2 (1.73)

 

Торино – Лацио (фудбал, Италија, 19.30 часот)

Торино игра за себе, но и за градскиот ривал Јувентус бидејќи ако Лацио не победи, Јуве ќе биде чекор поблиску до нова титула. Римјаните имаат неколку повредени играчи и нема да им биде лесно. Лани Лацио загуби со Торино со 1-3, но есеноска на „Олимпико“ беше 4-0. Торо има шест бода повеќе од 18-тиот Лече и ќе сака што побрзо да обезбеди опстанок. Нападот на Лацио е доволно добар да даде барем два гола и тоа би требало да значи победа.

Предлог тип: Т2 2-3 (2.10)

 

Џенова – Јувентус (фудбал, Италија, 21.45 часот)

Најтрофејниот италијански клуб е една од омилените жртви на Горан Пандев, тој против Јуве има дадено неколку незаборавни голови, но вечерва Грифоните се пред невозможна мисија. Старата дама одвај дочека малку да се одлепи на врвот и сака така да остане, иако и кикс би ги оставил на првата позиција. Џенова има само еден бод плус во однос на Лече, кој е третиот од долу, а во последните пет меча во Серија А играше мечеви во кои паѓаа барем три гола. Јуве од февруари нема примено гол. Џенова лани дома го совлада Јуве со 2-0, гол даде и Пандев.

Предлог тип: 2 & 3+ (2.15)

 

Мајорка – Селта (фудбал, Шпанија, 19.30 часот)

Ова се соседи на табелата, но Селта има дури осум бода повеќе од загрозената Мајорка. За тимот на Александар Трајковски ова е можеби последна шанса за фаќање за сламка на спасот. Селта е подобар тим, но често се случува по добра игра против гигант, да дојде до емотивно празнење, па затоа мотивите веројатно ќе бидат на страна на домашните. Последните четири гостувања на Селта беа со 0-1 гол. Селта последен пат во 2013 година гостувала кај Мајорка, а во декември во Виго беше 2-2.

Предлог тип: 1 (3.25)

 

Барселона – Атлетико Мадрид (фудбал, Шпанија, 22.00 часот)

Големо дерби кое претставува тест за двата шпански гиганти. Барселона е под притисок бидејќи ако не победи, ќе се оддалечи од одбрана на титулата. Атлетико е во победнички ритам, но победуваше доста послаби ривали од вечерашниот. Атлетико е безбеден за местата кои водат во ЛШ, а проблемот им е што имаат комплекс наречен Барса и дури 14 години не победиле во лигашки меч на „Камп ноу“. Барса ги доби сите домашни дуели во 2020 година, па иако тимската атмосфера им е разнишана, на Јорганџиите ќе им треба знаење и среќа за да се вратат непоразени.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.62)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Брајтон – Манчестер јунајтед Т2 2-4 (2.10)

Џенова – Јувентус Х2 & ГГ (2.35)

Барселона – Атлетико М. 1+I & 3+ (2.40)

- Оглас -

Најнови вести