Победата на Црвена ѕвезда против Ливерпул од 2-0 доживеа и цртана илустрација. Познатиот Youtube канал „442оонс“, кој се занимава со анимации на спортски теми, направи краток цртан филм како инспирација од синоќешниот дуел во Белград.
Меѓу „актерите“ има место и за Џердан Шаќири, кој не отпатува на ова гостување поради одлука на Јирген Клоп да не дојде до „мешање на политика со спортот“. Клоп во цртаниот му се извинува на Шаќири што решил да не го поведе на дуелот против Црвена ѕвезда, а за Салах вели дека наместо него, на теренот била статуата која неодамна беше направена во негова чест.
Во клипот неколку пати е искористен и дел од познатиот слоган на Ливерпул „Никогаш нема да одиш сам“, но во малку поинаква верзија, како што се „никогаш нема да играте фудбал“ и „никогаш нема да те изоставам од тимот“. Клипот вреди да се погледне.