По Европското првенство и Купот на Америка, денеска е одложен и Африканскиот куп на нациите. Турнирот кој требаше да се игра на почетокот на 2021 година е одложен за јануари 2022 година. Како главна причина за одложувањето е пандемијата со корона-вирусот, иако домаќинот Камерун најавуваше дека нема да има такви проблеми за одржување на континенталниот собир.
Иако Камерун даде безбедносни гаранции дека нема да има проблем околу организацијата, првите луѓе на Африканската федерација решија дека треба да биде одложен турнирот за една година. Алжир ја има улогата на актуелен шампион.
Оваа одлука за одложување на првенството ги израдува најголемите европски клубови кои ќе мораше да ги ослободат африканските играчи за настап на турнирот во периодот од јануари и февруари.