Драматично финале за титулата во Шпанија одиграа Басконија и Барселона, а последната акција на Баскијците што ја одиграа одлично беше клучна за победата што им го донесе и пехарот.
Аргентинскиот репрезентативец Лука Вилдоза, кој беше и најефикасен кошаркар кај новиот шампион, ги постигна последните поени на мечот за победа на Басконија од 69:67.
LA JUGADA
La ACCIÓN que da el título al @Baskonia pic.twitter.com/8bCTbASNiG
— Gigantes del Basket (@GIGANTESbasket) June 30, 2020
Барселона се обиде во преостанатите 3 секунди да израмни, но не успеа, па титулата отпатува за Виторија.
Вилдоза постигна 17 поени кај Басконија, а Шенгелија имаше 14 во редовите на новиот шпански шампион, додека ниту 21 поен на Ертел, кој беше прв стрелец на мечот. не ѝ донесе успех на Барселона.