Светската фудбалска федерација, ФИФА, планира примена на нова технологија за време за Светското првенство во Катар 2022 година. Планот кој делува во моментов како научна фантастика, а за две години може да стане реалност, е како помошни линиски судии на натпреварите да користи – роботи.
Технолошкиот директор на ФИФА, Јоханес Холцмилер, потврди дека во ФИФА планираат примена на роботи кои автоматски ќе ги детектираат офсајд позициите. Роботите ќе ја пресметуваат и должината на стапалата на играчите, па нема да бидат поништувани голови доколку стрелецот бил неколку милиметри во офсајд позиција поради поголем број на копачки.
Ако некој играч е во офсајд, алармот веднаш ќе се вклучи, па во случај на проблематична ситуација, ќе се избегне губење на време, како што сега кога судиите се консултираат со ВАР собата пред да донесат одлука при некоја спорна ситуација.