Душко Тошиќ, поранешниот репрезентативец на Србија бил нападнат од група хулигани со ножеви и електро-шокови додека тренирал на Калемегдан во Белград.
„Точно е дека јас и тројца фудбалери бевме нападнати од група на хулигани со ножеви и електро-шокови. Веријатно сакаа да изнудат пари. Полицијата брзо реагираше и ги упаси напаѓачите, но една жена, случаен минувач е повредена во хаосот што настана при нападот“, вели Тошиќ.
Со тројца фудбалери странци поранешниот српски репрезентативец заминал на тренинг рано наутро денеска и доживела голема непријатност.
Тошиќ има 35 години и има 26 настапи за Србија, а во кариерата настапуваше за неколку познати клубови. Беше член на Сошо, Вердер Бремен, Портсмут, КПР, Црвена Ѕвезда, Бетис, Бешикташ, а моментно е член на кинескиот клуб Гвангжу РФ.