Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти, ги одбра најдобрите 11 играчи кои ги предводел во текот на неговата богата тренерска кариера, но во составот немаше место за Кристијано Роналдо.
Неговиот идеален тим претежно се состои од фудбалери кои играле за Милан, клубот каде што Анчелоти се задржа најдолг период како тренер (од 2001 до 2009 година).
Џиџи Буфон на голот, пред него четворката Кафу, Тијаго Силва, Џон Тери и Паоло Малдини. Средниот ред го сочинуваат Френк Лампард, Андреа Пирло, Рикардо Кака и Зинедин Зидан, додека Андриј Шевченко и Златан Ибрахимовиќ го предводат нападот.