Навивачите на Ливерпул го слават денешниот потпис на „Енфилд роуд“

Тинејџерот Харви Елиот го потпиша првиот професионален договор со тимот на Ливерпул. Екстра талентираниот 17-годишен играч сезонава доби шанса да се докаже во првиот тим на Ливерпул и ги освои симпатиите на тренерот Јирген Клоп. Елиот одигра вкупно осум меча, од кои два му се во Премиер лигата.

„Ова се одлични вести за нас, навистина сум среќен. Харви е иднината на клубот. Голем талент. Сите го видовме неговиот квалитет. Ми се допаѓа неговата храброст, ентузијазам, посветеност и самодоверба“, беше коментарот на Клоп по потписот на договорот на Елиот.

По потпишувањето на договорот, Елиот, кој на 4 април наполни 17 години, вели дека му се остварил сонот.
„Со потпишувањето на мојот прв професионален договор ми се оствари сонот. Возбуден сум за тоа што ме очекува во иднина и подготвен сум да го дадам најдоброто од мене за доброто на клубот“, рече Елиот.

 

- Оглас -

Најнови вести