Шанса за Милан, Јувентус десеткуван доаѓа на „Сан Сиро“

Милан – Јувентус (21:45ч)

Дербито на 31-вото коло во Серија А нема да биде во полн сјај со оглед на тоа дека и на двете страни недостасуваат неколку клучни играчи. Чалханоглу и Кастилјехо нема да играат за Милан, Јувентус е без дефанзивците Кјелини, Алекс Сандро, Де Лихт и Де Шиљо, го нема ниту Хедира, додека дефинитивно најголем хендикеп е суспензијата на Пауло Дибала.

Милан и Јуве ќе се сретнат вторпат по продолжувањето на сезоната, со надеж дека вечерва мечот ќе биде поинтересен за разлика од полуфиналниот реванш-дуел во Купот на Италија, кој заврши без голови. Росонерите ќе се обидат да продолжат со непоразителната серија која трае веќе пет натпревари, но треба да се знае дека Милан само трипати победи на домашен терен во последните 10 меѓусебни дуели во лигашки рамки против Јувентус, кој пак откако остана без куп-титулата, нареди четири победи. Во споменатите меѓусебни средби само двапати имало повеќе од два гола.

Предлог тип: X2 & 0-3 (1.82)

 

Кристал палас – Челзи (19ч)

Лампард нема да смета на Ковачиќ и Канте за незгодното гостување кај Палас, но Челзи со голем оптимизам го чека овој дуел знаејќи дека четирипати славеше во последните пет средби на „Селхарст парк“. Поразот од Вест хем им донесе проблеми на Сините, но веќе се фатија за нов победнички ритам и сега намерата е да продолжат така за да го обезбедат планираното четврто место, а по можност да атакуваат на третата позиција.

Тимот кој го води највозрасниот менаџер Рој Хоџсон, нареди три порази по продолжувањето на сезоната. Кристал палас не можеше да ја затресе мрежата против Ливерпул, Барнли и Лестер, голгетерскиот учинок секако ќе биде проблем и вечерва.

Предлог тип: X2 & 1-3 (1.74)

 

Арсенал – Лестер сити (21:15ч)

Можеби најинтересниот дуел од 34-тото коло во Премиер лигата е од голема важност за двете екипи. Лестер стравува да не го загуби третото место од Челзи или пак од Јунајтед, додека Арсенал му се заканува на Вулверхемптон за шестата позиција и пласман во Лигата на Европа.

Топчиите со серија од четири победи влегуваат во овој дуел, додека пак Лестер против Кристал палас го запиша првиот триумф по продолжувањето на сезоната.

Предлог тип: ГГ3+ (2.0)

 

Селта Виго – Атлетико Мадрид (22ч)

Ако можеше Селта да ѝ откине два бода на Барселона, големи се шансите да го стори тоа и против Атлетико Мадрид. Екипата од Виго е блиску да го потврди опстанокот во елитата, со шест бода предност во однос на екипите кои се во црвената зона не би требало да го испуштат тоа на четири кола до крајот на сезоната.

Во последните шест одиграни средби на „Балаидос“ меѓу Селта и Атлетико редовно имало победник без да прими гол, а Јорганџиите славеле во четири од нив. Гостите уште немаат пораз откако продолжи сезоната, Симеоне не планира сега да попушти кога неговиот тим е под закана да го загуби третото место кое го напаѓа Севилја.

Предлог тип: X2 & 2+ (1.87)

 

Брентфорд – Чарлтон (19ч)

Брентфорд се засили откако продолжи сезоната во Шампионат лигата и нареди четири победи со учинок 9-0, а тоа не се добри вести за разнишаниот Чарлтон. Домаќините притискаат да го стигнат ВБА до втората позиција во последните пет гола, таа мисија е тешка, но не и невозможна ако се земе предвид формата на Брентфорд.

Чарлтон, пак, се бори за опстанок и засега има само два бода предност во однос на екипите кои се во црвената зона. Надеж за позитивен резултат им дава фактот што остварија две победи на последните три гостувања кај Брентфорд.

Предлог тип: 1 & 0-3 (1.93)

 

 

- Оглас -

Најнови вести