Се сменија улогите, голман ќе му дадеше гол на напаѓач (Видео)

Синоќешниот меч помеѓу Севилја и Еибар, кој домашните го добија со 1-0, имаше супер драматична завршница. Длабоко во судиското продолжение (во 101-вата минута судијата покажа 13 минути екстра време по регуларните 90 поради повредата на голманот) гостите нападнаа со сите сили за да изедначат, дури и голманот Марко Дмитровиќ се најде во противничкиот 16-ник, а Србинот за малку ќе дадеше гол. Но, пречката која се исправи пред него беше Лукас Окампос, Аргентинецот кој го даде единствениот гол на мечот.

Откако се повреди голманот Вацлик, а Севилја веќе имаше направено пет измени, голманската улога ја презеде крилото Окампос и тој тоа го направи повеќе од успешно, спасувајќи два бода. Погледнете каква одбрана имаше Окампос по шутот на Дмитровиќ:

- Оглас -

Најнови вести