Валенсија конечно успеа да победи на меч од Ла Лига по пауза од четири меча и да остане во трката за настап во Европа.
Популарните Лилјаци вечерва со гол во последен момент го победија Валјадолид со 2:1 и ја прекинаа незгодната серија.
Ли Кангин беше стрелец на победничкиот гол во 90-тата минута, а Јужнокореецот го постигна вториот погодок сезонава во Ла Лига.
Популарните Лилјаци поведоа по половина час игра со голот на Максимилијано Гомес, но повторно имаа проблеми во одбраната.
Тимот што некогаш беше синоним за цврста одбрана што тешко се пробива, прима гол на последните пет меча, а вечерва мрежата на домаќините ја затресе Виктор Гарсија во 47-мата минута.
Сепак, за да не продолжи црната серија од четири меча без триумф, се погрижи 19-годишниот талент од Јужна Кореја со убав гол во последната минута од регуларниот дел.
Валенсија со 50 бода е на осмата позиција и има шанси за настап во европските купови на три кола до крајот на шпанското првенство. Валјадолид остана на 13-тото место со 39 бода.