Е ова се вика „Седи не ме брани“ – Ромањоли дојде да го спаси Кјер од Коста и успеа да го нокаутира соиграчот (Видео)

Милан и Јувентус одиграа исклучително возбудливо второ полувреме, со шест гола и чудесен пресврт на домаќинот на „Сан Сиро“, но имаше и комични ситуации.

Едната од нив му донесе нокаут на Симон Кјер, од својот соиграч и капитен на Милан, Алесио Ромањоли. Во 77-мата минута, при резултат 3:2 за Милан, Даглас Коста успеа со финта да го збуни двоецот одбранбени играчи на домаќинот, а на Кјер и на Конти напомош им пристигна капитенот Ромањоли.

И кога се чинеше дека лесно ќе расчисти, Ромањоли со бомба го погоди Данецот Кјер директно в лице, па стоперот на Милан падна на тревникот како покосен.

Целата ситуација по дриблингот на Даглас Коста погледнете ја ОВДЕ.

Сепак, Кјер брзо се освести од шокот и од силниот удар што беше упатен кон него, секако ненамерно од Ромањоли, но беше од многу блиску и беше многу болен. На крајот тандемот стопери на Милан заедно ѝ се радуваа на големата победа од 4:2 против шампионот и актуелниот лидер во Калчото, Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести