Арсенал бурно реагира на нееднаквиот критериум на судијата Крис Кавана, но и на начинот на кој функционира ВАР-системот во Англија и како што велат, драстично се оштетени на мечот со Лестер.
Главната забелешка на Топчиите се однесува на моментот од првото полувреме кога Џејми Варди и буквално го нокаутира Шкодран Мустафи со удар со копачка директно в лице, а првиот стрелец во Премиер лигата мина без казна.
https://www.youtube.com/watch?v=vkIE1MJEpvk
Не доби ниту жолт картон, а во Арсенал се бесни и поради чудната одлука да не се консултира ВАР-системот.
„Варди требаше да биде исклучен, ако постои некаков критериум и правила во Англија. Тој воопшто не требаше да биде на теренот по ударот со копачка в лице. Потоа ни даде гол за израмнување, а претходно ни го исклучија Нкетија. Ако имаше црвен картон за наш играч, требаше да биде исклучен и Варди“, вели Микел Артета тренерот на Арсенал.
Двата моменти драстично го сменија текот на натпреварот и во моменти кога и двете екипи имаа по 11 фудбалери на теренот, Арсенал доминираше и имаше предност од 1:0.
https://www.youtube.com/watch?v=GBzzLremI5U
Откако Нкетија заслужено беше исклучен, а првично доби жолт картон, па по сугестија на судиите од ВАР-собата и директен црвен картон, Лестер ја презеде иницијативата.
Лисиците израмнија на 1:1 токму со голот на Варди, кој според домаќините, воопшто не требаше да биде на терен во 84-тата минута, кога го постигна 22-риот гол сезонава во Премиер лигата и им донесе бод на Лисиците на „Емирејтс“ во Лондон.