ФИФА ќе ја продолжи употребата на променетото правило

Светската фудбалска федерација планира да го задржи променетото правило да се користат по пет измени за време на натпреварите. Правилото најверојатно ќе се применува и во новата сезона кога и да почне, со оглед на тоа дека голем број федерации се согласија да го применуваат.

Тримесечната пауза многу влијаеше врз физичката форма на играчите иако веќе еден месец повеќето лиги се во натпреварувачки погон, па затоа продолжувањето на правилото е добредојдено, кое воедно дава простор за повеќе тактизирање.

Инаку правото на пет измени требаше да важи до крајот на актуелната сезона, а дали и дефинитивно ќе остане на сила, ќе се знае во наредниот период.

 

- Оглас -

Најнови вести