Ник Калатес ќе ја креира играта на Барселона во следните три сезони

Ник Калатес ќе игра за Барселона во следните три години и е едно од првите засилувања на Каталонците во новата ера под команда на Шарунас Јасикевичиус.

Искусниот плејмејкер, кој има 31 година, во изминатите пет сезони играше за Панатинаикос, а од идната сезона ќе ја креира играта на шпанскиот кошаркарски гигант.

Утре Калатес треба да ги мине медицинските прегледи и да потпише тригодишен договор што ќе тежи околу 5,5 милиони евра до летото во 2023 година.

Бекот на Пао во оваа сезона во Евролигата имаше просек од 13,3 поени и 9,1 асистенција. Во кариерата играше и во НБА-лигата и две сезони од 2013 до 2015 година беше член на Мемфис гризлис.

- Оглас -

Најнови вести