Ракометниот клуб Вардар 1961 официјално на фејсбук-страницата потврди дека уште двајца репрезентативци на Македонија потпишале договори. Десното крило Гоце Георгиевски потпиша договор до 2022 година, додека левиот бек Филип Талески потпиша едногодишен договор со скопските „црвено-црни“. Тие одамна се договорија со Вардар, а официјализацијата на соработката дојде попладнево.