НБА ѕвездите како размазени деца: Се жалат на храната и престојот во Орландо (видео)

Како што е веќе познато, сезоната во НБА лигата ќе се доигра во скратен формат и турнир-систем почнувајќи од 31 јули. Местото на настанот е забавниот комплекс во Орландо „Светот на Дизни“, каде што впрочем сите екипи ќе бидат сместени додека трае првенството.

Повеќето екипи се сместија во Орландо, а дел од играчите веќе почнаа да се жалат на престојот, односно собите, како и храната која им е на менито. Енес Кантер, центарот на Бостон селтикс ја сними собата во која ќе престојува во наредниот период, па собата е според сите стандарди, Кантер не е задоволен.

Еден член на ЛА лејкерс се пожали на оброците, додека пак Лука Дончиќ замери за брзината на бежичниот интернет. Размазени деца…

- Оглас -

Најнови вести