Драма и гол во 97. минута го спаси деветкратниот германски шампион од испаѓање (Видео)

Нирнберг доживеа вистински нокаут за само 13 минути, но успеа да се врати во реванш бараж-мечот со Инголштад и со гол во 97. минута го сочува второлигашкиот статус.

https://www.youtube.com/watch?v=pzdaJG8ewcs

Драмата на „Ауди Шпортпарк“ се случуваше во второто полувреме. Играчите на Инголштад за само 13 минути постигнаа три гола и до последниот удар на мечот беа второлигаши.

Сепак Фабијан Шлојзнер го имаше последниот збор на двомечот и со погодок во 97. минута намали на 3:1, сосема доволно Нирберг да биде последниот член на популарната Цвајта за следната сезона.

Гостите допатуваа на „Ауди Шпортпарк“ со предност од 2:0 од првиот меч и по првото полувреме со едната нога беа на прагот да останат во популарната Цвајта.

Најава за вистински потоп на Нирнберг му се случи во кус рок од 13 минути. Почна со чудниот гол на Кучке во 53. минута. Играчите на Инголштад добија крилја и со головите на Шрок во 62. и на Краузе во 66. стасаа на прагот на чудесен подвиг. Победа од 3:0 во реваншот им гарантираше пласман во популарната Цвајта, но примија гол во последен миг и остануваат третолигаши.

Ingolstadt 2-0 Nuremberg-Schröck 62′ from soccer

Нирнберг влезе во двомечот како актуелен второлигаш и успеа да го сочува статусот.

Ingolstadt 3-0 Nuremberg Krausse 66′ from soccer

Клубот од Баварија е вториот најтрофеен во Германија со 9 шампионски титули, само зад регионалниот ривал и германски гигант Баерн, кој има 30 титули.

 

- Оглас -

Најнови вести