Горан Иванишевиќ по тринеделна изолација, објави дека ја победил короната и дека најновиот тест му е негативен. Хрватскиот тениски ас и голема легенда во овој спорт по петти пат се тестираше и првите два теста претходно му беа негативни, потоа имаш и два позитивни тестови, а во свој стил на шеговит начин објасни дека го победил корона-вирусот.
„Ковид-19 е незгоден ривал, но по два негативни и два позитивни тестови, дојдовме во мојот омилен сет, петтиот и се знае кој победува. Конечно можам да излезам од карантин“, вели Иванишевиќ.
Поранешниот шампион на Вимблдон беше директор на турнирот „Адрија“ во Задар, егзибициски турнир што беше прекинат поради неколку случаи со корона-вирус, меѓу кои беа и тенисерите Димитров, Чориќ, а потоа и Новак Ѓоковиќ.
Поради тоа не се одигра финалето, а и Иванишевиќ мораше во самоизолација, во хотел во Задар.