Актуелниот претседател Александер Чеферин ќе биде реизбран за претседател на УЕФА во февруари, а малку е чудно за европскиот фудбал што ќе нема противкандидат.
Конгресот на УЕФА на почетокот на идната година ќе мине без конкуренција и без интерес од останатите можни кандидати да му се спротивстават на Словенецот, па реизборот на Чеферин со нов мандат од 4 години е само формалност.