Најдобрата кошаркарка од ланската сезона во женската НБА-лига, Елена Деле Доне, има голема мака пред стартот на новата сезона и нејзиниот избор е да не игра за шампионот Вашингтон мистик поради хроничните проблеми со дишењето.
Од 2008 година, крилото на Вашингтон е под посебен надзор откако кај неа е откриен проблем со бактерија во дишните патишта и спаѓа во ризичните групи што можат лесно да се заразат од Ковид-19.
Деле Доне одлучи да не настапи во сезоната 2020/21 што ќе почне на 25 јули и ќе се игра на Флорида, во Брадентон, но веднаш доби одговор од раководството на Лигата дека ќе мора да игра или во спротивно ќе остане без плата.
Проблемот е што Кризниот штаб за справување со ковид-19 во САД го нема ставено на листата таканаречениот Lyme disease на листата ризични категории, што е аргумент на кој се повикува раководството на женската НБА.
Тоа значи дека МВП кошаркарката од ланската сезона мора да настапува за Вашингтон мистик во ИМГ центарот во Брадентон од 25 јули до крајот на сезоната, или по своја волја да не игра, но и да остане без приходи.
„Ги сакам кошаркарата и мојот тим и уживам на паркетот, но пред сè, морам да мислам на моето здравје. Мојот личен тренер што ме советува од 2008 година и ми помага да се справам со хроничните проблеми со дишењето ме советува дека треба да мирувам бидејќи спаѓам во ризична категорија што лесно може да се зарази со корона-вирус. Но, болеста не е на листата ризични според државните институции, па ќе морам да размислам. Наскоро ќе ја објавам мојата одлука“, изјави Елена.
Во ланската сезона 30-годишната кошаркарка на Вашингтон имаше просек од 19,5 поени и 8,2 скока и ги предводеше Мистик до титулата во ВНБА, а беше и прогласена за МВП на шампионатот.
Елена има две вакви признанија и шестпати беше дел од Олстар-натпреварите, но не отпатува за Флорида со екипата. Во ИМГ центарот во Брадентон ќе се игра целата нова сезона во женската НБА-лига, а почетокот е закажан за 25 јули.