Реал Мадрид го охрабри Мбапе да издржи и да не го продолжува договорот со ПСЖ

Реал Мадрид го охрабри Килијан Мбапе и побара да издржи и да не го продолжува договорот со Пари Сен Жермен, што истекува во јуни 2022 година.

Кралскиот клуб сака веднаш летово да го ангажира опасниот офанзивец од ПСЖ, а понудата неофицијално е 100 милиони евра плус Бејл и Родригес, кои би се преселиле во Париз.

Францускиот шампион бара многу повеќе пари, или ако дојде до комбинација пари плус играчи тоа би биле дел од помладите фудбалери на Реал Мадрид, од калибарот на Кубо, Винисиус…

На страната на Реал Мадрид е и желбата на Мбапе да го носи белиот дрес на најтрофејниот европски клуб и затоа засега Килијан не сака да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен.

Популарните Светци имаат уште една година да го разубедат со богата понуда, еден од најдобрите и најбрзи играчи на светот, но засега Мбапе не попушта и сака да си замине.

Ако ПСЖ не успее да го оствари планот и до следното лето не го убеди својот најдобар играч да остане, тогаш Мбапе во јануари 2022 година може да потпише договор со Реал Мадрид, шест месеци пред истекот на сегашниот договор што го има со францускиот првак.

 

- Оглас -

Најнови вести