ФИБА архива: Бо блесна пред домаќинот и 15.000 Литванци во најважната победа на Македонија во кошаркарската историја (видео)

Официјалниот профил на ФИБА на „Твитер“ од својата архива извади инсерти од блескавиот настап на Лестер Бо Меккејлеб во најважната победа на Македонија во кошаркарската историја.

Со 23 поени, Бо го урна домаќинот Литванија пред 15.000 навивачи во Жалгирис и ја предводеше нашата репрезентација до полуфиналето на Евробаскетот кој се одржа во 2011 година.

https://twitter.com/EuroBasket/status/1283345751473627142

Секако, најважните поени на тој меч ги постигна Владо Илиевски, со тројка на 11,5 секунди до крајот донесе минимално водство за составот на Докузовски, меѓутоа натурализираниот Американец и миленик во земјата, пружи фантастично издание како и во сите меча претходно, па до крајот на првенството со Македонија стигна да биде четврта кошаркарска сила на Стариот Континент.

- Оглас -

Најнови вести