Жулијано Белети, легендата на Барселона, има иновативен предлог до ФИФА со кој може драстично да се смени фудбалот. Имено, Белети сака да види повеќе погодоци во текот на натпреварите, па предложи да се доделува пенал по секој четврти корнер.
„Најубавиот момент во фудбалот се головите, а тие моменти се ретки. Некогаш и три погодоци се доста, меѓутоа убаво е да се видат што повеќе. Затоа јас предлагам да се воведе доделување пенал по секој четврти корнер со цел да се зачини играта“, напиша Белети на „Твитер“.
Јасно е дека за да се воведе предлогот на Белети ќе треба долга дискусија, но се чини дека засега вакво нешто е далеку од реализација.
O maior momento do futebol é o gol, e são raros (1, 2… 3 gols por jogo já é muito). O momento mais visto do jogo é uma cobrança de pênalti. Sugiro a criação de uma nova regra para ter mais penaltis durante o jogo. Que tal a cada 4 escanteios, no 4º, é pênalti?! @FIFAcom e gols.
— J. Belletti (@julianobelletti) July 15, 2020