Остана уште борбата во Серија А: Со кого игра Јувентус до крајот и можно ли е Старата дама да ја прокоцка титулата?

Реал Мадрид, Баерн Минхен, Ливерпул и Пари Сен Жермен се клубовите кои во своите витрини ги доведоа шампионските пехари во шампионатите на Шпанија, Германија, Англија и Франција. Од Топ-5 лигите во Европа останува нејасно само уште кој ќе биде првак во Италија.

Уште пет кола остануваат до крајот во италијанското првенство, а Јувентус ја има пол-позицијата. Старата дама осум години во низа е владетел во италијанскиот фудбал, а и сега е најголем фаворит за трофејот. Сепак, последните неколку меча кои ги одигра Јувентус им даваат надеж на останатите екипи.

Актуелниот првак претрпе два порази, а еднаш одигра и нерешено во последните пет средби, па од можните 15 бодови, освои само седум. Затоа Интер се доближи на шест бода зад лидерот, а Аталанта и Лацио се веднаш зад Нераѕурите. Ако се погледне распоредот до крајот, Јувентус не би требало да киксира и да прокоцка шест бода. Следното коло може да биде клучно во трката за титулата. Тимот на Mаурицио Сари дома игра против Лацио и тој меч може многу да реши. Доколку Јувентус успее да победи, потоа речиси и нема каде Старата дама да киксира.

РАСПОРЕДОТ НА ЈУВЕНТУС ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА

34. коло – Јувентус – Лацио

35. коло – Удинезе – Јувентус

36. коло – Јувентус – Сампдорија

37. коло – Калјари – Јувентус

38. коло – Јувентус – Рома

РАСПОРЕД НА ИНТЕР ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА

34. коло – Рома – Интер

35. коло – Интер – Фиорентина

36. коло – Џенова – Интер

37. коло – Интер – Наполи

38. коло – Аталанта – Интер

 

- Оглас -

Најнови вести