Трикратниот гренд-слем шампион Стен Вавринка има нова тениска љубов и е во врска со Шпанката Гарбиње Мугуруза. Двете големи тениски ѕвезди тренираат и живеат заедно во Женева во очекување на рестартот на тениската сезона.
Вавринка претходно беше во врска со хрватската тенисерка Дона Векиќ, а сега успеа да ја шармира Мугуруза, тенисерка што ги освојуваше пехарите на Вимблдон и на Ролан Гарос.
Гарбиње има многу интересна животна приказна и е вистински спортски глобтротер. Родена е во Каракас, Венецуела, но има и шпански пасош и играше за Црвената фурија во Федерејшн купот, а живее во Женева, Швајцарија.
Интересно е што Мугуруза со една гренд-слем титула помалку од Вавринка беше најдоброрангирана тенисерка на светот, нешто што не му успеа на Стен, иако има три гренд-слем титули. За него највисок ранкинг беше третото место на АТП листата во јануари 2014 година.