Јувентус подготви 40 милиони евра за напаѓач, списокот е скратен на две имиња

Според пишувањата во Италија, приоритет на Јувентус во овој преоден рок ќе биде да се доведе еден добар напаѓач. Најавите се дека Старата дама има подготвено 40 милиони евра за квалитетно засилувње. Повеќе имиња беа во опција, но на крајот списокот се скрати на само два фудбалери.

Првата опција е Арек Милик од Наполи, но ривалот од калчото најави дека поголема шанса има Милик да го продадат во Тотенхем или во Интер, само да не се засили Јувентус. Сепак, Старата дама секогаш наоѓа начин да го добие играчот кој го сака, па нема да биде чудно ако Наполи реши да го продаде Милик во Торино. Договорот на Полјакот со Наполи е до јуни 2021 година, што значи дека сега е вистински момент да го продаде.

Како втор на листата е напаѓачот на Арсенал, Александер Лаказет. Топчиите би сакале да го задржат Лаказет, но факт е дека на лондонскиот тим ќе му бидат потребни пари за во преодниот рок да може да доведе засилувња во одбраната и средниот ред.

Останува челниците на Јувентус, Павел Недвед и Андреа Ањели да го направат вистинскиот потег во летниот преоден рок.

 

- Оглас -

Најнови вести