Еден од најлошите слободни удари изведени во историјата во фудбалот е сигурно тој што вчера беше изведен на дуелот Академија – Волунтари во Романија. Домаќините добија прекршок на околу 30 метри од голот, а двајцата играчи кои беа пред топката, решија да се обидат да изведат акција која очигледно ја имаат вежбано на тренинг.
Сепак, наместо добро направена комбинација и загрозување на голот на противникот, домаќините се посрамотија. Топката која требаше да го прескокне „живиот ѕид“ заврши во лицето на еден од домашните фудбалери. Домаќините на крајот се радуваа затоа што го добија овој дуел со 2:1.
I don't think you're ready for this, but here's the best free-kick in the history of football. Absolutely amazing stuff. pic.twitter.com/CN2M0pisCo
— Emanuel Roşu (@Emishor) July 17, 2020