Португалскиот гангстер од Олимпијакос казнет со пет години затвор условно

Стоперот на Олимпијакос, Рубен Семедо е казнет со петгодишна условна казна затвор и не смее да влезе во Шпанија во следните 8 години, откако учествуваше во киднапирање, грабеж и тепачки додека играше во шпанското првенство.

Семедо одлежа шестмесечен притвор, а сега доби и условна казна. Португалецот и буквално дивееше во Шпанија, додека беше член на Вилјареал и на Уеска.

Повреди и човек во тепачка, постојано носел и оружје во гангстерски стил што не му доликува на професионален фудбалер, кој има и настапи за младата репрезентација на Португалија.

Семедо плати 30 илјади евра кауција за да излезе од притвор во Шпанија и за да може да игра за грчки Олимпијакос. Што е уште почудно за фудбалерот со богато криминално досие најтрофејниот грчки клуб лани во јуни Олимпјакос му плати на Вилјареал 4.5 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести