Британскиот возач Луис Хамилтон сезонава има главен предизвик, а тоа е да го достигне Михаел Шумахер по бројот на светски титули во Формула 1. Хамилтон како актулен и шесткратен светски првак е само на една титула зад легендарниот германски возач кој во кариерата дури седум пати беше планетарен владетел во најбрзиот циркус во светот.
Во забрзаното темпо на скратената Ф1 сезона, денеска се вози третата трка и тоа во Унгарија, а Хамилтон и тука има предизвик да го стигне Шумахер. Популарниот Шуми е апсолутен рекордер на патеката во Унгарија, но Британецот му се заканува.
Хамилтон вчера стигна до седмата пол позиција на оваа патека и го израмни рекордот на Шумахер, а денеска на трката ќе брка уште едно неверојатно остварување на Германецот. Шумахер има рекордни осум победи на Хунгароринг, додека Хамилтон досега победувал седум пати. Фактот дека денеска Луис ќе стартува како прв, му дава голема шанса да стигне и до осмата победа.
И според коефициентот во Sport Life, Хамилтон е апсолутен фаворит за победа на денешната трка, па коефициентот за Британецот да биде највисоко на победничкиот пиедестал е 1.45. Зад Хамилтон со коефициент 4.50 за победа е неговиот тимски колега Валтери Ботас, а сите останати возачи имаат преку 20 коефициент за победа.