Рајмонд Доменек вели дека нема причина Пари Сен Жермен да стравува од Аталанта и дека нема да се случи изненадување во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Според поранешниот селектор на Франција, популарните Светци од Париз ќе бида полуфиналисти во луксузното натпреварување и покрај блескавите игри на клубот од Бергамо.
„Со ваква одбрана, која има многу слабости, Аталанта не може да биде закана за Пари Сен Жермен“, вели Доменек.
Сезонава клубот од Бергамо е голем хит и се очекува да му создаде многу проблеми на ПСЖ, иако така не мисли Доменек.
Мечот од четвртфиналето меѓу овие две екипи ќе се игра на 12. август од 21 часот на „Луж“ во Лисабон.