Фабио Квартараро ја забележа втората победа во кариерата, а денеска во Херез ја забележа дебитантската во Мото ГП и со триумф ја почна новата сезона.
Францускиот ас прв мина низ целата пред Вињалес, а трката беше чудна и мина во знакот на актуелниот првак Марк Маркес.
Шпанецот излета од патеката во петтиот круг, но се врати и од последната позиција стаса на прагот на историска победа, но повторно имаше кикс и не ја заврши трката.
Маркес успеа да стаса до третата позиција во последните пет круга и кога доминираше на патеката, доживеа незгоден пад и предвреме ја заврши првата трка во сезоната.
https://twitter.com/teetaty/status/1284829868618735616?s=20
Иако гестикулираше дека не е повреден , сепак замина во болница на вообичаен преглед по тешкиот пад во Херез.
На подиумот покрај победникот се искачија и второпласираниот Вињалес и Довициозо.