Легендата на англискиот фудбал Вејн Руни му аплаудираше на Езѓан Алиоски и на неговите соиграчи од Лидс и со вообичаениот шпалир ги поздрави новите премиерлигаши пред мечот меѓу Дерби и клубот од Јоркшир.
Лидс без разлика на денешниот исход на мечот со Дерби веќе е шампион во Чемпионшип лигата и од идната сезона ќе игра во Премиерлигата по пауза од 16 години.
Вејн Руни и неговиот сегашен клуб Дерби каунти не успеаја во обидот да стасаат до плејофот за третото и последно место што води во елитниот ранг на натпревари, па и за нив и за Лидс денешниот меч е од ревијален карактер.
Алиоски е стартер денеска за Лидс, а мечот започна во 15 часот и се игра на „Прајд парк“ стадионот што е дом на Дерби каунти.
Шпалирот што го приредија домаќините во чест на промоцијата на Лидс во Премиер лигата погледнете го ОВДЕ.